Cook

Eat

Repeat

Што е Le Chef

Le Chef е пасија кон готвење, љубов кон храна, добро вино и друштво.

Научете како да готвите со професионални шефови, научете да го барате вкусот на виното, научете вашата кујна да биде мишелин звезда! Ние ќе бидеме со вас секој чекор од ова патување, ќе спремаме одлични рецепти, потребни состојки кои се испланирани само за вас, ќе ве потсетиме да го извадите баш тој фустан што го чувате за посебни прилики, баш таа кошула што одлично ви стои, и да го спремите рецептот кој го сакате, да научите кое е виното што одговара.

Le Chefs

Запознајте ја Le Chef Александра Атанасовска позната како @alex.pucci, една од шефовите која ќе води низ несекојдневно гастрономско и хедонистичко искуство!

Запознајте го Le Chef Филип Чаловски. Тој е синоним за хедонизам и барање совршенство во кујната. Неговите јадења се секогаш инспирирани од сезонските, свежи и локални производи.

Запознајте го Le Chef Олег Забазновски, познат како Chef Shimelo Loco и човек кој умее да ги направи највкусните бургери! Инсипрацијата за неговите јадења ја црпи од искуството во Michelin Star рестораните во Шпанија и уникатните street food оброци.

Изнајмете шеф

Роденден, деловна вечера, романтична вечера или домашна забава. Направете магија, од сите ваши важни моменти. На располагање ви се LeChef шефовите, кои за вас ќе спремат посебно мени, селекција од вина, како и можност да се запознаете со целиот процес на готвење или едноставно да уживате во тоа што го креирале во кујната.

Резервирајте zoom час со шеф

Имаш желба да се посветиш на рецептот кој стои долго време во фиоката, неиспробан? Немаш храброст да зготвиш нешто посебно? Одбери некој од LeChef шефовите, и уживај во готвењето, чекор по чекор, во време кое тебе ти одговара.

Понуда за настан

Доколку имаш желба твојот роденден или посебен ден, да биде организиран во автентична атмосфера, контактирај не. Освен LeChef шефови, на располагање имаме неколку уникатни и скриени места, во околината на Скопје.

Школо за готвење

Дали сте спремни да поминете една различна вечер, да се дружите со заљубеници во храната, да уживате во друштво на професионални шефови кои ќе ве водат низ процесот на подготовка? Дојдовте на правото место. Одберете еден од часовите, и уживајте во магијата на нашата кујна.

Најнови рецепти

Види ги сите рецепти
TOP